Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Environmental engineering


Year: 2024


Type: Conference or Workshop Item
Type: NonPeerReviewed



Title: Определување на концентрацијата на ПМ2.5 во неколку општини во Република Северна Македонија


Author: Jordanova, Elena
Author: Necev, Vasil
Author: Suncica, Nikolovska
Author: Mihailovska, Ana
Author: Zendelska, Afrodita



Abstract: Загадувањето на амбиентниот воздух сѐ уште е еден од главните ризици за здравјето на луѓето. Според објавените проценки, аерозагадувањето довело до 4.2 милиони прерани смртни случаи ширум светот, од кои 0.5 милиони се во ЕУ. Иако прописите вклучуваат поголем број загадувачки материи, кои се предмет на строга контрола, процената за квалитет на воздухот за заштита на здравјето на луѓето најчесто се базира на 5 главни загадувачки материи: азотни оксиди (NOx), јаглерод моноксид (CO), суспендирани честички со еквивалентен аеродинамички дијаметар помал од 2.5 μm (РМ2.5) и 10 μm (РM10), сулфурни оксиди (SOx) и тропосферски озон (O3). Споредено со другите загадувачки материи, суспендираните честички (РМ 2.5) предизвикуваат најголема загриженост, поради нивната поврзаност со респираторните и кардиоваскуларните болести и зголемениот морталитет. Со цел добивање на информации за загаденоста на воздухот сo суспендирани честички помали од 2.5 μm, направено е испитување во пет општини во Македонија и тоа: Кавадарци, Струмица, Струга, Гостивар и Куманово. Покрај методата која беше користена за одредување на РМ2.5 масена концентрација на суспендираните цврсти честички во амбиентниот воздух, во овој труд се прикажани и уредите што се користат за ова намена, како и добиените резултати од мерењата кои беа вршени во период од една година. Годишната средна вредност на РМ2.5 во општините е 62,2, 42,7, 38,5, 30 и 29,1 μg/m3 во Кавадарци, Струмица, Куманово, Струга и Гостивар, соодветно. Кај Кавадарци, Струмица и Куманово во текот на грејната сезона, концентрациите на РМ2.5 значително се повисоки во однос на топлите месеци. Во Гостивар има само мало надминување, додека во Струга концентрацијата на РМ2.5 е повисока во летниот период.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/35317/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:35317
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/35317/1/kniga_na_apstrakti_2024%20-%20converted.pdf
Identifier: Jordanova, Elena and Necev, Vasil and Suncica, Nikolovska and Mihailovska, Ana and Zendelska, Afrodita (2024) Определување на концентрацијата на ПМ2.5 во неколку општини во Република Северна Македонија. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 13 Nov 2024, Stip.



TitleDateViews
Определување на концентрацијата на ПМ2.5 во неколку општини во Република Северна Македонија20242