Subject: Economics and business
Year: 2024
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Современи системи за пресметка и управување со трошоците
Author: Trajkovska, Mihaela
Author: Koleva, Blagica
Abstract: Предмет на обработка во овој труд претставуваат современите системи за пресметка на трошоците, преку анализа на начинот на кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците и ефикасно управување со бизнисите. Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во современите пазарни економии, заради се поизразената потреба за хармонизација на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно зголемување на профитот на компаниите.Традиционалните системи за пресметка на трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови на индустрии. Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на работењето, менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој најдобро ги задоволува потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на компанијата.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/35324/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:35324
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/35324/3/Mihaela%2C%20prof.Blagica.pdfIdentifier: Trajkovska, Mihaela and Koleva, Blagica (2024) Современи системи за пресметка и управување со трошоците. Годишен зборник 2024, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Економски факултет, 26. ISSN 1857-7628