Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Economics and business


Year: 2024


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Значењето на анализата на финансиски извештаи за финансиската стабилност и успешност на компаниите


Author: Kostadinov, Aleksandra
Author: Gorgieva-Trajkovska, Olivera
Author: Koleva, Blagica



Abstract: Предмет на обработка во овој труд претставува значењето на анализата на финансиските извештаи, особено рацио анализата, за успешноста во работењето на компаниите и донесување на ефикасни економски одлуки. Финансиската анализа претставува исцрпно истражување, квантифицирање, опис и оценка на финансиската состојба и успешност на компанијата. Финансиската анализа се јавува како една од најважните функции на управување, раководење и контрола на финансиите на една компанија.Таа дава оценка за бонитетот на компанијата и има за цел да ја утврди финансиската состојба на една компанија, како квалитет и квантитет на средства и извори на средства и финансиски резултат во одреден временски период. Преку анализата и обработка на информациите презентирани во финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и извештај за промена на капиталот) се добива одговор на многу прашања, како што се: каква е состојбата со средствата на компанијата? Колкава е неговата успешност? Колкава е искористеноста на ресурсите? Колку се оправдани неговите трошоци? Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира, пред сѐ на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/35325/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:35325
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/35325/1/aleksandra%2C%20prof.olivera%2C%20prof.blagica.pdf
Identifier: Kostadinov, Aleksandra and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2024) Значењето на анализата на финансиски извештаи за финансиската стабилност и успешност на компаниите. Годишен зборник 2024, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Економски факултет, 26. ISSN 1857-7628



TitleDateViews
Значењето на анализата на финансиски извештаи за финансиската стабилност и успешност на компаниите20244