Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law


Year: 2024


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Значењето на информациите во воено-дипломатската пракса


Author: Jovanovski, Zoran



Abstract: Значењето на информациите во воено-дипломатската практика претставува императив за успешно спроведување на процесот. Дипломатијата, како област, стара е колку и државата. Комуникацијата помеѓу населението во првобитните заедници и племињата постоело одамна, имало преговарања, се развивале активностите за набљудување, се собирале информациите и се известувало. Постојат верувања дека дипломатијата е стара колку и политиката а и за двете карактеристично е дека има многу различни дефиниции, различни појмовни одредувања и различни сфаќања.Во политичката пракса, пак, како основа за креирањето и спроведувањето на државната политика во севкупните односисо другите држави и субјекти вклучувајќи ги и воените односи, дипломатијата е потесен поим од политиката. Од времето се коментирало дека дипломатијата претставува очи и уши на владетелите низ собирањето информации, сеуште е актуелна, а денес е во функција на современите држави високона агендите. Целта на военатадипломатија била насочена кон собирањето информации и преговарањето за добивање на истите, првенствено кон воениот фактор, што говори дека воената дипломатија на почетокот била главна гранка, ако не и единствена дејност на дипломатијата на владарите. Иакo, дипломатијата од својот настанок се занимавала со воениот фактор, воената дипломатија, како нејзина посебна гранка, недоволно е дефинирана и претежно останувала во сферата на таинственото, најчесто еднострано толкувана како шпионажа. Заради тоа неопходно е да се разјасни местото, улогата, организацијата и начинот на функционирање на воената дипломатија, односно улогата на военото аташе во извршување на функциите на воената дипломатија.


Publisher: Institute for Legal-Economic Research an Education


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36692/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36692
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36692/1/%D0%A2%D1%80%D1%83%D0%B4%20%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%202024.pdf
Identifier: Jovanovski, Zoran (2024) Значењето на информациите во воено-дипломатската пракса. In: 10-th International Scientific Conference, Ohrid School of Law 2024 Chalanges in the law in 21-st century, 16-19 May 2024, Ohrid.



TitleDateViews
Значењето на информациите во воено-дипломатската пракса20247