Subject: Languages and literature
Year: 2025
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Хуманистичките аспекти во романот „Калеш Анѓа“ од Стале Попов
Author: Koteva, Ivana
Abstract: Романот „Калеш Анѓа“ од Стале Попов е литературно дело со длабока историска и етичка вредност кое ја прикажува борбата за слобода на македонскиот народ и зачувувањето на човечкото достоинство. Овој труд се фокусира на хуманистичките апекти застапени во романот, разгледувајќи ги притоа личните избори, моралната сила и вредностите на главниот лик – убавата Мариовка Анѓа. Преку анализа на нејзината непокорност пред османлиската власт, се истакнуваат универзалните човечки вредности: правото на слобода,зачувувањето на личниот и националниот идентитет, љубовта кон татковината и истрајноста пред неправдата. Паралелно со неа, се среќаваме и со хуманистичките карактеристики на Мехмет-паша Соколовиќ во чијшто лик се преплетуваат моќта на османлискиот државник и длабоките човечки вредности. Иако е дел од османлиската власт, Мехмет-паша не е претставен како суров тиранин, туку како човек кој ги цени достоинството, честа и човечките чувства. Тој има пошироко сфаќање за различните култури и религии при што неговиот однос не е исполнет со омраза туку со обид да најде човечка врска меѓу различностите. Овој труд потврдува дека романот „Калеш Анѓа“ претставува историски приказ кој испраќа силна хуманистичка порака која важи и надвор од она време во кое тој е создаден. Клучни зборови: хуманизам, Калеш Анѓа, Мехмет-паша, борба за слобода,човечко достоинство.
Publisher: Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/38173/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:38173
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38173/1/16%2B-%2BIvana%2BVelkova%2Btrud%2BPal%2Bbr%2B20%2BDOI%2BCELO.pdfIdentifier: Koteva, Ivana (2025) Хуманистичките аспекти во романот „Калеш Анѓа“ од Стале Попов. Палимпсест, 10 (20). ISSN 2545-3998