Subject: Basic medicine
Subject: Clinical medicine
Subject: Health sciences
Subject: Other medical sciences
Year: 2026
Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed
Title: Евалуација на ефектите на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис како дел на мултимодална анестезија во гинекологија
Author: Mitreski, Goran
Abstract: Вовед: Гинеколошките оперативни интервенции со отворена лапаротомија се одликуваат со голема рана и силна постоперативна болка, па затоа е потребна соодветна постоперативна аналгезија. Блокадата на обвивката на мускулот ректус абдоминис (RSB) се користи за блокирање на сензорните нерви на предниот абдоминален ѕид, со што се придонесува за периоперативно и постоперативно ублажување на болката при операции на долниот дел од абдоменот. RSB обезбедува ефикасна периоперативна аналгезија и е поврзана со помала периоперативна потрошувачка на опиоиди и намалени несакани ефекти поврзани со опиоиди. Оваа проспективна рандомизирана студија го истражува ефектот на RSB врз квалитетот на закрепнувањето кај пациенти по отворена гинеколошка операција. Цел: Примарна цел на оваа студија е да се евалуира периоперативниот ефект на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис (RSB) како дел од мултимодалната анестезија, како и ефектот врз постоперативното опоравување (QoR-40) и аналгезија (VAS Scale) при отворени гинеколошки операции. Секундарна цел беше да се оцени интраоперативната и постоперативната консумација на опиоиди, времето до првото испуштање гасови, времето за отпуштање од единицата за пост- анестезиолошка нега, време до прво станување од кревет, постоперативното гадење и повраќање и задоволството на пациентите. Статистичка обработка: Спроведена е статистичка анализа на карактеристиките кај испитаната и контролната група, при што се утврдени варијаблите на постоперативната болка и закрепнувањето по отворена гинеколошка операција. Пациенти и методи: Во оваа проспективна рандомизирана студија учествуваа 78 жени кои ги задоволуваа инклузивните критериуми: ASA I или II, пријавени за елективна отворена гинеколошка операција под општа ендотрахеална анестезија (ОЕА). По случаен избор, болните се поделени во 2 еднакви групи и тоа контролна група и испитувана група од по 39 пациенти секоја; Контролна група – КГ (n = 39), каде што пациентите примиле стандардна општа ендотрахеална анестезија; а пациентките во Испитуваната група – ИГ (n = 39), примиле RSB со 40 ml ропивакаин 0,375 % (20 ml од секоја страна) пред операцијата и стандардна општа ендотрахеална анестезија. Просечниот артериски крвен притисок (MAP) и срцевиот ритам (HR) биле мерени како почетна вредност, по индукција на општа ендотрахеална анестезија (ОЕА), на секои 15 минути до завршување на операцијата, веднаш по закрепнувањето, на 6 часа, 12 часа и 24 часа постоперативно. Квалитетот на закрепнувањето се оценуваше со прашалник за квалитет на закрепнувањето од 40 прашања (QoR-40) и евалуација на постоперативната болка со користење визуелна аналогна скала (VAS). Заклучок: Постоперативните глобални QoR-40 резултати беа во групата пациенти во контролната група во опсег 139,7 до 189,0 во испитуваната група (121-192), соодветно. Преоперативната апликација на RSB ја намали интраоперативната потрошувачка на опиоиди, го намали времето до првото испуштање гасови, времето до првото станување од кревет и времето на престој во единицата за постанестезиолошка нега. На крајот, пациентите кои примија RSB покажаа поголемо задоволство од анестезијата од оние кои примија само ОЕА.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/38559/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:38559
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38559/1/GM%20Doktorska.pdfIdentifier: Mitreski, Goran (2026) Евалуација на ефектите на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис како дел на мултимодална анестезија во гинекологија. Doctoral thesis, Goce Delcev University, Stip.