Subject: Law
Subject: Political Science
Year: 2026
Type: Book
Type: PeerReviewed
Title: Меѓународни, европски и национални правни режими за миграција и азил
Author: Nikodinovska Krstevska, Ana
Author: Kosevaliska, Olga
Author: Maksimova, Elena
Abstract: Публикацијата „Меѓународни, европски и национални правни режими за миграција и азил“ претставува збирка од осум научни трудови на десет домашни и странски автори, посветени на современите предизвици во областа на бегалското право, миграцијата и азилот. Нејзината основна цел е да ја збогати научната и стручната литература на македонски јазик и да овозможи систематизиран пристап до релевантни истражувања од меѓународна, европска и национална перспектива. Трудовите обработуваат прашања поврзани со миграциските политики на Европската Унија, управувањето со нерегуларната миграција, спасувањето мигранти на море, забраната за колективно протерување, заштитата од трговија со луѓе и трудова експлоатација, судската практика на Европскиот суд за човекови права, како и правната терминологија и политичките аспекти на азилот. Посебно внимание е посветено на Северна Македонија и предизвиците во примената на меѓународните и европските стандарди. Публикацијата е резултат и на повеќегодишната академска и институционална соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со УНХЦР, како и на заедничките истражувачки заложби на домашни и меѓународни научници. Нејзината научна и општествена вредност се состои во унапредувањето на знаењето, поттикнувањето на академската дебата и афирмирањето на пристап кон миграцијата и азилот заснован врз човековите права, солидарноста и владеењето на правото.
Publisher: 2-ри Август
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/39356/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:39356
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/39356/1/International%2C%20European%20and%20National%20Legal%20Regimes%20on%20Asylum%20and%20Migration.pdfIdentifier: Nikodinovska Krstevska, Ana and Kosevaliska, Olga and Maksimova, Elena (2026) Меѓународни, европски и национални правни режими за миграција и азил. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-9989-947-05-6